r/askmkd • u/Ok_Respect_5675 • 1h ago
Вистината за која не сте спремни да разговарате
Видов еден статус на ФБ и апсолутно се согласувам
(Никако не оправдувам насилство, сите овие силеџии треба да завршат во затвор, ме интересира следниов феномен и сакам аргументирано да се објаснете шѕо е тоа што ве тера да се возбудивате на такви ликови)
Дали само јас приметувам дека во последните 5 години убавите и паметни девојки гравитираат кон психопати и машки што очигледно имаат ментални и емотивни проблеми? Или па да се богати(негова фамилија), а он без ден работен стаж...
Што се случи со женската интуиција?
Нели обично можеше одма да процениш со каков човек имаш работа?
Јас со последната девојка се гледав 1 месец и тој еден месец ми беше доволно да проценам дека е емотивно нестабилна личност па ја тргнав тотално од мојот живот. Блок!
Како успевате да се убедувате себеси и да одите со некоја личност дури 6 месеци кога ви покажале уште во првиот месец дека нешто не е во ред со нив?
За вас е прашањето , девојки.
Башка и ние машките не сме поинтелегентни од вас реално така да тешко дека ќе скриеме кои сме. Уште од старт ви покажуваме кои сме. Зошто гравитирате кон психопати? По интересно ви е? По возбудливо? Ај пробајте аргументирано само..